„Адеми е срцето и душата на овој Динамо Загреб!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми доби големи пофалби од страна на хрватските медиуми, откако Динамо Загреб го заврши учеството во Лига Европа.

Адеми е рекордер по број на настапи во европските натпреварувања на Динамо Загреб, а хрватските медиуми го сметаат македонскиот репрезентативец како трет најдобар играч по Мислав Оршиќ и Доминик Ливаковиќ.

„Аријан е срцата и душата на овој Динамо. Лидер и капитен, тимот без него е незамислив. Адеми ги одигра сите 15 натпревари во Европа, а во историската сезона постигна три гола. Со Виљареал играше под инекции и блокади и остави пример за своите играчи, вистинска икона на загребскиот тим“, пишуваат медиумите.