Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Фудбалерот на Милан, Марио Манџукиќ одби да земе плата за март месец затоа што беше повреден и не можеше да се најде во конкуренција за натпреварите во тој период.
Потегот го пофали и претседателот на клубот од Милано, Паоло Скарони.
„Ова е неверојатен гест кој демонстрира етика и професионализам“, кажа Скарони.
Манџукиќ од своето пристигнување во Милан одигра четири меча, а притоа потпиша договор до крајот на сезоната со опција да ја продолжи соработката на уште една година.