Адеми би си заминал од Динамо Загреб под еден услов?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми би можел на лето да си замине од Динамо Загреб, но тоа ќе се случи само ако стигне понуда од топ-5 лигите.

Адеми настапува за хрватскиот гигант од 2010 година и одби многу понуди во текот на кариерата. Најсериозни од нив беа од шпански Бетис и Ал Наср од Саудиска Арабија, но македонскиот фудбалер остана во Динамо.

„Адеми остана затоа што не заборави како се однесуваше клубот кон него пред две години кога доби суспензија. Тој се чувствуваше должен да му врати на Динамо. Ја одби богатата понуда од Саудиска Арабија за да му помогне на тимот во борбата во Европа. Откако постигнаа успех, Адеми би можел да си замине во некоја од топ-5 лигите“, пишуваат хрватските медиуми.