Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Суперлигата официјално беше создадена како натпреварување од 12 најбогати тимови во Европа, но сепак најголем проблем е тоа што на вакво натпреварување не се сложија тимовите од Германија и Франција.
ПСЖ во последните 10 години од доаѓањето на богатите катарски сопственици вложува многу пари за да биде во европската елита, а сега одби да заигра во Суперлигата.
„Атлетик“ објави дека ПСЖ одбил да влезе во Суперлига затоа што тоа не би било почит кон останатите тимови. Исто така, тие порачаа дека новото натпреварување не треба да иде ограничено само на најдобрите тимови како Лестер, Ајакс и Аталанта, кои заслужуваат шанса.
Сепак, зад ова стои Насер Ал-Келаифи кој има добра причина да остане со УЕФА. Тој во 2019 година стана прв член на Извршниот одбор на УЕФА, кој не е од Европа, а бидејќи УЕФА се закани со големи казни, тој реши да остане на нивна страна.