Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многу познати спортисти се разочарани поради создавањето на Суперлигата, а веќе 12 гиганти ставија потпис дека ќе настапат во натпреварување кое ќе почне од август.
Еден од разочараните е легендарниот Рио Фердинанд, чиј поранешен клуб Манчестер јунајтед планира да игра во Суперлигата.
„Ова е срамота за фудбалот. Такви одлуки носат луѓе од врвот на пирамидата кои не се грижат за ништо, туку за сопствениот џеб. Тоа е војна против фудбалот, тоа е срамно. Тие отвораат продавница за моќни луѓе, а единствена цел им се парите. Богатите ќе бидат уште побогати, а останатите исто како да не постојат“, вели Фердинанд.
Тимовите кои ја создадоа Суперлигата ќе добијат и по 420 милиони долари за настап во натпреварувањето.