Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Барселона, Роналд Куман се бори со неговиот тим за титулата во Ла Лига, откако пред неколку дена го освои шпанскиот Куп.
Каталонски „Спорт“ објави дека Куман ја има поддршката кај новиот претседател Жоан Лапорта, кој сака да го задржи на клупата и следната сезона.
Лапорта засега не кажа ништо во јавност, но се очекува наскоро да ја потврди одлуката. Претседателот на Барселона покажа дека му дава поддршка на тренерот, па тоа најверојатно значи дека тој ќе остане во клубот.