Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александер Чеферин зборуваше за словенечките медиуми на кои им објасни што се случуваше во претходните денови.
Чеферин успеа да го запре проектот за создавање на Суперлига, а кажа дека најмногу е разочаран од претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.
„Никогаш не сум видел некој толку да каже“, кажа Чеферин, а тоа го погоди и првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој застана во заштита на своите колеги.
Меѓутоа, претседателот на УЕФА не се грижи за изјавата на Перез.
„Не сакаат претседател како мене? Тоа ми е уште поголемо задоволство да останам. Тој сака претседател кој ќе го слуша. Јас се обидувам само да направам добро за фудбалот“, објасни Чеферин.
Ако нема договор за ТВ-правата, Реал Мадрид би бил исфрлен од полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).
„Мали се шансите да не се одигра полуфиналниот меч меѓу Реал и Челси. Сезоната е во тек и телевизиите ќе бараат отштета ако се случи такво нешто“, вели Чеферин.