Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонија ќе биде еден од домаќините за организација на Европското првенство (ЕП) во 2023 година, а веста ја соопшти Александар Борички, првиот човек на европската одбојка.
Ова се одлични вести за Македонија, која ќе биде организатор на уште едно големо натпреварување.
„Сега, кога Владата ја поддржува организацијата на големите европски настани според највисоки стандарди, а тоа се однесува на Европската сребрена лига 2021, на Европското првенство за одбојкарки до 19 години во 2022, како и на една група од сениорското машко Европско првенство во 2023, можам да кажам дека Одбојкарската федерација на Македонија им се доближи на најдобрите организатори на големите одбојкарски настани во Европа“, кажа Боричиќ.
Македонија на ваков начин доби и шанса по третпат да биде дел од големото натпреварување, откако претходно настапи во 2019 година, а допрва треба да игра во септември.