Италијанците ја договорија најлошата казна за Јувентус, Интер и Милан!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Суперлигата минатата недела беше главна тема во светот, а иако не успеа да преживее повеќе од 48 часа, сепак и во следниот период ќе се зборува за ова натпреварување.

Од 12 клубови само три не се откажаа официјално, а тоа се Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. И додека УЕФА беше блага со казните кон одметниците, сепак такво нешто нема да направи и Фудбалскиот сојуз на Италија.

Извршниот одбор на состанокот донесе радикална мерка и донесе одлука дека во иднина ќе издава лиценци за Серија А само на тимови кои ќе прифатат да играат во Серија А и натпреварувањата под УЕФА и ФИФА.

Раководството на Серија А со ова сакаше јасно да им порача на Јувентус, Милан и Интер дека може да заборават целосно на Серија А и приходите од неа доколку сакаат да играат во Суперлига.