УЕФА ја почна најавената истрага: Ибрахимовиќ ќе добие голема суспензија?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) почна истрага против шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, откако такво нешто најавија пред неколку дена.

Ибрахимовиќ има акции во обложувалница и така ги прекрши правилата на ФИФА, која забранува фудбалери да имаат акции во обложувалници.

Швеѓанецот, наводно, имал 10% од акциите на една обложувалница на Малта, а доколку УЕФА со истрагата потврди дека е виновен, тогаш Ибрахимовиќ би можел да добие огромна суспензија, односно може да биде суспендиран до три години.