Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По бурната недела во европскиот фудбал, која ја одбележа создавање на европска Суперлига, која пропадна за 48 часа, се враќаме со натпреварите од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).
Вечерва ќе се соочат Реал Мадрид и Челси, клубови кои беа за создавање на Суперлигата, а додека премиерлигашот се откажа, шпанскиот тим ја поддржува идејата за ново натпреварување.
Се шпекулираше дека УЕФА поради потегот на „кралевите“ ќе ги исфрли од ЛШ, меѓутоа тоа не се случи, а според шпанските медиуми Александер Чеферин смилил друг план.
Шпанска „Марка“, која секогаш известува за Реал Мадрид, објави насловна страна на која порача дека Чеферин сака да го испрати Челси во финале со што ќе му се одмазди на Флорентино Перез.
„Чеферин, фер-плеј…“, пишува на насловната страна по изборот на судијата за натпреварот.
#LaPortada Fair Play, Ceferin… 🗞️ pic.twitter.com/da5NN6n0HB
— MARCA (@marca) April 26, 2021