Конте: Рушиме кралство кое траеше девет години!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер со сигурно чекори оди кон италијанската круна која ја сонуваат веќе 10 сезони. „Нераѕурите“ речиси се сигурни шампиони, па останува само математички да се потврди нивната титула.

Избраниците на Антонио Конте би можеле да станат шампиони по натпреварот меѓу Сасуоло и Аталанта, а услов е тимот од Бергамо да не ги освои трите бода.

„Постигнувањето во шампионатот е резултат на растот на екипата од сите точки, играта и менталитетот. Разбравме дека постои можност да го освоиме Скудетото и да станеме дел од историјата на Интер. Задоволсто ми е што стигнавме на чекор од големо достигнување“, вели Конте.

Конте вели дека во Интер има одлична група играчи, која му помогнала да го освојат Скудетото.

„Не се сите патишта вистински, пронајдов група фудбалери која почна да игра заедно и го подели сонот, а тоа е влез во историјата на Интер, а за да ви успее тоа, мора да бидете победник“, вели Конте.