Не е како разгалените милионери: Ѕвезда на ПСЖ им делеше храна на мигрантите 📸


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на ПСЖ и репрезентативец на Италија, Мојсе Кин неделава им делеше храна на мигрантите кои се бездомници во Париз.

Овој 21-годишен фудбалер реши да им помогне на мигрантите, па им купи голема количина на храна.

Кин ги објави фотографиите на социјалната мрежа и постави пример, кој треба да го следат и другите, кои се во подобра финансиска ситуација.

Во минатото од фудбалерите на ПСЖ во слични хуманитарни акции учествуваа и Андер Ерера и Џулијан Дракслер.

Кин во ПСЖ стигна на позајмица од Евертон минатиот октомври и со парижаните го лови трофејот во Лигата на шампиони, но и во Лига 1.

Италијанецот, исто така, се поврзува со враќање во Јувентус, кој му го продаде на Евертон за 30 милиони евра во 2019 година.