Пропадна жалбата на Барселона: Куман нема да биде поштеден!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Раководството на шпанската Ла Лига го одби барањето на Барселона за намалување на казните за тренерот на клубот, Роналд Куман и тој нема да го предводи тимот во мечот против Атлетико Мадрид.

Холанѓанецот доби црвен картон против Гранада (1-2), а поради тоа ќе биде суспендиран на два меча, а поради картонот се пожали и Куман на прес-конференција.

Куман кажа дека судијата сакал да биде во центар на внимание и дека поради тоа се скарале.

„Очигледно четвртиот судија сакаше да биде во центар на внимание. Не разбирам зошто, не му кажав ништо лошо, не направив ништо за да го навредам судијата. Разговарав со четвртиот судија, а потоа ми кажа дека не ме почитува. Му кажав само една работа, а тој со својот одговор покажа непочит кон мене, по што јас му вратив“, вели Куман.