Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Мастерс турнирот во Рим, каде што ќе брка уште еден трофеј во кариерата, а пред настапот даде чудна изјава.
Ѓоковиќ вчера постави уште еден рекорд откако ја почна неговата 320. недела на првото место на АТП-листата и така ја надмина легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс, а пред него се само Мартина Навратилова со 322 недели и Штефи Граф со 377.
„Не ме интересира АТП-листата во моментов, ниту колку недели ќе бидам прв. Тоа што ме интересира се гренслем-турнирите. Сите тенисери играат одлично и освојуваат бодови. Некој од нив ќе ме симне од врвот, само ќе видиме кој ќе биде тоа“, вели Ѓоковиќ.