Познато кој ќе го суди финалето во Лигата на шампиони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


УЕФА објави дека шпанскиот судија Антонио Мигел Матео Лахоз ќе го суди финалето во Лигата на шампиони, во кое ќе се соочат Манчестер сити и Челси.

Премиерлигашите ќе се соочат на 29 мај во Истанбул, иако постои можност да се смени организаторот на натпреварот поради влошената состојба со вирусот во Турција.

Лахоз неодамна требаше да го суди и шпанското „Ел класико“, но на крајот се откажа поради повреда на мускул и него го замени Хесус Хил Манзано.