Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бугарскиот тенисер Григор Димитров имаше врска со актерката Никол Шерцингер и руската тенисерка Марија Ѓарапова, но сега е на праг да се венча со Лолита Османова, која се пофали со прстенот.
Минатата година новинарите ја забележаа покрај Димитров на трибините за време на турнирот во Виена, а потоа открија дека станува збор за 25-годишната ќерка на руски бизнисмен.
Лолита е извршна директорка на „Луксури Интернационал Магазин“, а во минатото беше во брак со Гаспар Авдолијан. Тие се венчаа во Лос Анџелес, а за венчавката платија 10 милиони долари.
Дека Димитров планира да се венча со неа покажува и тоа што ја зема со себе во Бугарија, по што замина во Швајцарија, каде што оваа недела ќе игра турнир.