Ибрахимовиќ со една реченица ги крена сите на нозе: Не се предава! 🎥


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ ги израдува сите во Шведска кога кажа дека ќе се врати во репрезентацијата, но потоа на мечот меѓу Јувентус и Милан се повреди.

Поради проблемите со коленото мораше да го напушти теренот, а повредата му ја заврши и сезоната со Милан. Дури и од Фудбалскиот сојуз на Шведска дадоа изјава дека нема да биде подготвен ниту за ЕП, но сепак има шанси тој да се врати.

Ибрахимовиќ на Инстаграм објави снимка на која се гледа дека се рехабилитира од повредата и дека веќе може да тренира, а со една реченица привлече голем интерес од јавноста.

„Не е готово додека јас не кажам дека е готово“, кажа Ибрахимовиќ.

Ибра во Милан сезонава е одличен. Тој постигна 17 голови, додека за Шведска настапи на 118 меча и постигна 62 гола.