Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалската федерација на Африка почна истрага против фудбалерот на Црвена Звезда, Гејлор Канга поради обвинувања дека го лажирал датумот на раѓање.
Според информациите кои се појавија пред речиси еден месец, Канга наводно ги фалсификувал документите, кои покажуваат дека се родил пет години откако починала мајка му.
Нивен главне доказ е фактот што мајката на Канга починала во 1985 година и никако тој не може да биде роден дури во 1990 година.
Истрагата е почната за овој случај и стручни лица решиле да ги проверат сите детали поврзани со аферата по што ќе се донесе конечна одлука за фудбалерот.
Ако се покаже дека Канга е навистина повозрасен отколку што се претставува, тогаш Фудбалскиот сојуз на Габон би можел жестоко да биде казнет, а можна е и дисквалификација од Африканскиот Куп во следните две првенства.