Ново трио доаѓа во Милан, и тоа – бесплатно!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Милан го освои второто место во Серија А сезонава и ќе игра во Лигата на шампиони (ЛШ) следната сезона, а за тоа ќе им бидат потребни квалитетни засилувања.

Италијанските медиуми пишуваат дека Милан планира да ангажира три засилувања, кои ќр пристигнат целосно бесплатно, а станува збор за Оливие Жиру, Д’Амброзио и Хисај.

Французинот ќе го напушти Челси по финалето во ЛШ, а останува да видиме дали Томас Тухел ќе му даде минутажа во Порто.

Жиру сезонава ја користеше секоја дадена шанса, па така 34-годишниот напаѓач настапи на 31 меч и постигна 11 голови, а посебно ефикасен беше во ЛШ.

Хисај го напушта Наполи по заминувањето на Џенаро Гатузо, па така Албанецот ќе добие шанса да заигра во ЛШ, додека Д’Амбриозо ја загуби минутажата по пристигнувањето на Хакими, па Италијанецот би можел да се пресели во ривалот на Интер.