Скандал на Ролан Гарос: Руска тенисерка местела натпревари!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Руската тенисерка Јана Сизикова е уапсена поради тоа што полицијата се сомнева дека местела натпревари на Ролан Гарос.

Русинката ја обвинуваат дека учествувала во местење на натпревар во парови меѓу неа и Медисон и романскиот пар Андреа Миту и Патриција Марија.

Истрагата почнала уште минатата година, а францускиот медиум „Ле Паризиен“ открива дека некои лица вложиле големи пари за двојна грешка на Сизикова и тоа двапати.

Сизикова е на лоша позиција на ВТА-листата, односно се наоѓа на 765. место во сингл-конкуренција, а најдобар пласман имаше пред пет гоини кога беше 336. тенисерка во светот.