Предавство во Италија: Голема ѕвезда на Милан потпиша за Интер!

Спортскиот новинар Фабрицио Романо, кој ретко греши кога станува збор за трансфери, објави дека турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу потпишал со Интер.

Долго време се шпекулираше за таков трансфер, а Романо објави дека Чалханоглу ќе стане најомразен лик во црвено-црниот дел од градот.

Договорот на турскиот репрезентативец со Милан завршува следната недела, а се очекува наскоро да ги мине и медицинските прегледи, по кои ќе потпише официјален договор со „нераѕурите“.

Чалханоглу играше одлично на „Сан Сиро“, каде што пристигна во 2017 година, а претходно играше за неколку германски клубови, додека сега ќе потпише договор со Интер до 2024 година.