Фернандеш го поздрави Пандев: Фудбалот никогаш нема да биде само игра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Горан Пандев го одигра последниот меч во репрезентативниот дрес, и тоа против Холандија на Европското првенство (ЕП).

Пандев доби овации на стадионот во Амстердам, како и специјален дрес од Холанѓаните, а голем број фудбалери ширум светот му испратија пораки на македонскиот фудбалер.

Еден од нив беше и ѕвездата на Манчестер јунајтед и репрезентативец на Португалија, Бруно Фернандеш.

„Фудбалот никогаш нема да биде само игра“, напиша Фернандеш, кој ја цитираше изјавата на селекторот Игор Ангеловски.