Ѓоковиќ доби одлична ждрепка на Вимблдон - со Федерер би можел да игра во финале!

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ доби ждрепка по мерка на патот до одбраната на тронот на Вимблдон, па така во првото коло ќе игра против Британецот Џек Дрејпер, а до финалето на гренслем-турнирот не може да се соочи против Роџер Федерер.

Во второто коло следи можна реприза на финалето на Вимблдон од 2018 година, доколку Кевин Андерсон го совлада Бариос, а во трето коло се очекува пресметка против Давидович Фокина.

Во осминафиналето би следела пресметка против Монфис, а во четвртфинале против Рубљов, додека за финале ќе се бори најверојатно против Стефанос Циципас.

Во вториот дел од ждрепката се наоѓаат Федерер, Медведев и Зверев. Првиот меч на Швајцарецот му следи против Манарино.

Вимблдон се игра од 28 јуни до 11 јули, а титулата ја брани српскиот тенисер.