Мајката на Рабио направи инцидент: Удри по семејствата на Погба и Мбапе на трибини!

Мајката на Адриен Рабио, Вероника Рабио направи голем инцидент на мечот во Букурешт каде што Франција испадна од Швајцарија по изведување на пенали откако резултатот во регуларните 90 минути беше 3-3.

Иако делуваше дека Французите лесно ќе победата бидејќи имаа водство од 3-1, сепак некои фудбалери не се однесуваа професионално на теренот и тоа скапо ги чинеше.

Еден од виновниците е Пол Погба, кој загуби важна топка во завршницата, а втор виновник во очите на француската јавност и мајката на Рабио беше Мбапе, кој го промаши решавачкиот пенал.

Француски „РМЦ“ објави дека Вероника направила скандал на трибините во Букурешт, откако удрила по семејствата на Погба и Мбапе, па таа се карала околу 20 минути со нив.