Дилета кажа кој фудбалер не сака да го види во финале на ЕП: Се надевам дека нема да заигра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Згодната водителка Дилета Леота зборуваше за британски „Сан“ пред финалето на Европското првенство (ЕП) меѓу Англија и Италија.

В недела од 21 часот ќе почне големото финале на ЕП меѓу старите ривали, а двете репрезентации се надеваат на трофејот.

Дилета зборуваше за британскиот медиум и им посака среќа на своите Италијанци, иако е свесна дека Англија има силен напад.

„На Италија нема да ѝ биде лесно со Англија. Тие имаат одлична одбрана, а во нападот Герет Саутгејт ги има Хари Кејн и Рахим Стерлинг. Возбудена сум и поради Маркус Рашфорд, зашто е еден од најдобрите, но се надевам дека Саутгејт ќе го остави на клупата“, кажа Дилета.