Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси се договори со Барселона за да остане во каталонскиот гигант и во следните неколку години, а претседателот на тимот, Жоан Лапорта мора да се ослободи од неколку фудбалери пред да ги регистрира и останатите засилувања за следната сезона.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона ќе го испрати Антоан Гризман во Атлетико Мадрид, а за возврат ќе го добие Саул Нигез плус 20 милиони евра.
Освен тоа Барселона ќе ги добие Марио Ермосо или Ренан Лоди, кои би можеле да го заменат Жорди Алба.
Не е ниту Саул идеално решение за Барселона, но само така можат да се ослободат од големата плата на Гризман, а исто така се очекува продажба и на Миралем Пјаниќ и Мартин Брајтвајт за кој се заинтересирани неколку тимови од Премиерлигата.
Гризман минатата сезона за Барселона постигна 21 гол, па без сомнеж би бил големо засилување за Атлетико.