Јувентус ја дозна конечната одлука: Роналдо го следи примерот на Меси!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо планира да го продолжи договорот со Јувентус на уште една година, а исто така сака да го следи потегот на Лионел Меси во Барселона, односно да прифати половина од сегашната плата.

На Роналдо не му се исплати да замине од Италија затоа што заштедува најмаку 10 милиони евра затоа што не плаќа големи даноци во државата, односно годишно дава само по 100..000 евра.

Менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш наскоро треба да има состанок со Андреа Ањели и да ги договори сите детали за продолжување на соработката на двете страни.

Враќањето на тренерот Масимилијано Алегри на клупата на „Старата дама“ е потврда на желбата на Јувентус повторно да се обиде да ја освои Лигата на шампиони.