Барселона и Атлетико залудно се договориле: Гризман од инает ќе ја уништи спектакуларната размена?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Барселона се договори со Атлетико Мадрид за спектакуларна размена на фудбалери. Клубовите решија да си ги заменат Антоан Гризман и Саул Нигез, но очигледно тоа ќе пропадне поради детал кој Каталонците не го земале во предвид.

Барселона почна да ги крати платите на своите фудбалери, па поради тоа сака да се ослободи од францускиот напаѓач, кој има една од најголемите плати на „Камп Ноу“.

Саул зема двојно помалку пари од Гризман, па поради тоа Барселона сака да го замени Французинот со друг фудбалер од Атлетико Мадрид.

Меѓутоа, Гризман се налутил поради тоа што Барселона не го известила за преговорите, туку за можен трансфер дознал од медиумите.

Иако Шпанците пишуваа дека Гризман е подготвен да се врати во Мадрид за помала плата, сепак Французинот од инает не сака да се откаже од големите примања и да се пресели во Атлетико.