Потпиша за нов тим, а претседателот по 45 минути соопшти: Немаш квалитет за нашиот клуб!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најконтроверзните сопственици во светот на фудбалот е Романецот Џиџи Бекали. Контроверзниот бизнисмен е на чело на Стеауа Букурешт, односно ФКСБ.

Бекали има голема моќ, а во последно време се меша и во тренерската работа, па на тренерите воопшто не им е лесно да соработуваат со него.

Бекали сега му соопшти на новото засилување Зденек Ондрашек дека не е играч со квалитет за тим како ФКСБ, а немаше да биде ништо чудно доколку фудбалерот не одигра само 45 минути во пријателски меч.

„Ондрашек го гледав 45 минути. Тој не е фудбалер за нашиот тим. Нема квалитет“, кажа Бекали.