Јувентус реагираше за ситуацијата со Роналдо, сега сѐ е познато!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо долго време се поврзува со трансфер во ПСЖ, но денеска реагираше клупскиот директор на Јувентус, Павел Недвед, кој кажа дека Португалецот останува во тимот.

Роналдо во понеделник ќе се приклучи на подготовките на тимот кој од оваа сезона ќе го предводи Масимилијано Алегри.

Португалецот претходно реши да остане во Јувентус следната сезона и познато е дека клубот сака да му го продолжи договорот.

Актуелниот договор на Роналдо му завршува следното лето, поради што почнаа шпекулациите за трансфер, но Јувентус нема намера да се откаже од нивната најголема ѕвезда.

Освен Спортинг Лисабон, како можни дестинации на Роналдо се споменуваа и Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и ПСЖ.