Анчелоти призна голема финансиска измама, што ќе биде со тренерот?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот Карло Анчелоти призна дека е виновен за измама со данок во 2014 година, но поради тоа што добил лоши совети поради луѓето кои биле околу него.

Анчелоти се појави во Судот во Мадрид, па доби прашања од обвинителот кои се поврзани со два криминала од 2014 и 2015 година.

Анчелоти не платил данок од 1.062.079 евра, па поради тоа заврши пред суд. Тој призна дека не го платил данокот, но се брани дека тоа се случило поради грешка на други лица.

Италијанецот за случајот од 2015 година тврди дека не бил доволно долго во Шпанија за да мора да плати данок за таа година, односно во Мадрид минал 183 дена.

Во овие две сезони, Анчелоти имаше потпишан двегодишен договор со „кралевите“, каде што се врати ова лето и ќе се обиде да го врати тимот на врвот.