Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Илаиш Мориба нема да го продолжи договорот со Барселона затоа што бара поголема плата и најверојатно ќе се пресели во Челси.
Каталонските медиуми синоќа потврдија дека менаџерите на Мориба не одговориле на последната понуда за продолжување на соработката.
Во исто време, тие откриваат дека пристигнала понуда од Челси, кој е подготвен да испрати трипати поголема плата за дијамантот од „Ла Масија“.
Вакво сценарио на некој начин најави и Жоан Лапорта, кој пред 24 часа јавно порача дека нема да попушти пред менаџерите на фудбалерот.
Ако Мориба не одговори до крајот на неделата, Барселона ќе го продаде до крајот на преодниот рок за сума меѓу 25 и 30 милиони евра.