„Ова не е стратегија, Меси навистина заминува од Барселона“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во четвртокот стана јасно дека најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси нема да го продолжи договорот со матичниот клуб, а во јавност се појавија теории дека цела приказна е стратегија од таборот на Меси за да добие подобри услови при потпишување на договор.

Претставниците на енкои англиски медиуми пишуваат дека ова е начин и за Меси и за Барселона да влијаат на Ла Лига да го промени правилото за финансиските услови.

Меѓутоа, шпанска „Марка“ пишува дека тие теории не се вистина, туку ова е реалноста и Меси навистина заминува од каталонскиот гигант.

„Не е ова стратегија на Меси и Барселона. Велат дека нема враќање од преговорите. Овие информации ги добиваме од луѓе кои сериозно се вклучени во работата на Барселона“, пишува новинарот Феликс Дијаз.