Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Напаѓачот на Челси, Тами Абрахам планира да замине во Арсенал, иако Аталанта и Рома покажаа интерес за него.
„Калчомеркато“ објави дека 23-годишниот фудбалер е свесен дека нема да има простор во лондонскиот клуб, откако Ромелу Лукаку ќе потпише за Челси.
Доаѓањето на Лукаку од Интер во Челси за 115 милиони евра предизвика вистинска револуција на пазарот, па тоа го натера и италијанскиот шампион да бара засилувања во нападот и изборот паднал на Един Џеко од Рома.
Што се однесува до Абрахам, Челси наводно е подготвен да го пушти на двегодишна позајмица за пет милиони евра, но и опција за откуп на договорот од 30 милиони евра.
Абрахам минатата сезона одигра 32 меча за Челси и притоа постигна 12 голови.