Меси добил уште една понуда? Шпански „АС“ смета дека Барселона е – циркус!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во шпанските медиуми минатата ноќ се појави информација дека Барселона решила да испрати последна понуда до Лионел Меси, иако веќе двете страни се збогуваа.

Изворот на тие вести е „Ла Портериа“, кој ја следи Барселона, а многумина се сомневаат во веродостојноста на таа информација.

Поранешниот капитен на Барселона во неделата со солзи во очи се збогуваше од Барселона по 21 година, а виновен за тоа е финансискиот колапс на каталонскиот гигант.

„Ла Портериа“ пишува дека Барселона преку извршниот директор се обидел да го контактира Меси и неговиот татко, но шпански „АС“ пишува дека тоа е вистински циркус и смета дека таа вест е лажна.

Меси во моментов води преговори со ПСЖ, односно се очекува во следниот период да биде промовиран во новиот клуб.