„Никогаш не сум видел толку лоша атмосфера за овие 40 години во фудбалот“

Шпанскиот тренер Кике Сетиен ја имаше таа среќа во кариерата да води еден од најголемите тимови во светот и таа несреќа да води таков тим пред самиот крај, односно крајот на ерата на Лионел Меси.

Поразот од ПСЖ го натера Меси да си замине од клубот, а тоа го направи една година подоцна, и тоа токму во францускиот гигант.

Сетиен во изјава за медиумите зборуваше за атмосферата во соблекувалната во момент кога ја предводел екипата и откри дека таа била катастрофална.

„Никогаш не сум видел таква соблекувална, ниту во репрезентацијата, ниту во Атлетико Мадрид. Тоа беше нешто друго и ме шокираше. Постоеја некои работи кои не може да ги контролирате. Тоа е нешто на што налетав таму“, кажа Сетиен.