Роналдо не попушта и сака да замине, Јувентус најде „достојна“ замена?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо најверојатно повеќе нема да го гледаме во дресот на Јувентус, а поништениот гол против Удинезе му беше последно нешто што го направил во екипата од Торино.

Жорж Мендеш цел ден работеше за да најде нова екипа за Роналдо, а и самиот фудбалер покажа желба за такво нешто.

Последните информации од Италија се дека се скарале луѓето од клубот и Роналдо, па 36-годишниот фудбалер само часови го делат од заминување.

Роналдо се очекува кариерата да ја продолжи во Манчестер сити, а Мендеш ги убедуваше да испратат понуда од 25 милиони евра, па тоа ќе се случи наскоро.

„Тутомеркато“ пишува дека Јувентус веднаш пронашол замена за Роналдо, а изборот паднал врз Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал.