Луда ноќ за Мендеш: Летал низ цела Европа за да му договори трансфер на Роналдо


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо на 36 години сака нов предизвик во кариерата. По три години минати во Јувентус, тој се сели во Манчестер сити.

Вчера сите италијански медиуми објавија дека биле почнати преговорите за еден од најголемите трансфери ова лето.

Во Англија преодниот рок трае до 31 август, па договор меѓу трите страни мора да се постигне за најмногу четири дена.

Познатиот новинар и мајстор за трансфери, Фабрицио Романо носи вести за можниот трансфер на Роналдо, кој побарал од екипата да го продаде.

Неговиот менаџер Жорж Мендеш имал тешки преговори со Јувентус, по што заминал во Порто за да му договори трансфер во Сити.