Роналдо се збогуваше со Јувентус: Секогаш ќе ми бидете во срцето!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кристијано Роналдо го напушти Јувентус и се врати во Манчестер јунајтед по 12 години. Португалецот испрати емотивна порака до навивачите на италијанскиот гигант за кој настапуваше три сезони.

Додека во Торино тагуваат, црвената страна на Манчестер се радува затоа што доби голема ѕвезда.

„Секогаш ќе бидам еден од вас. Вие сте сега дел од мојата историја“, објави Роналдо.