Бараше отказ за да игра со Леброн, а претходно беа големи непријатели!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс летово прави тим од соништата за следната сезона, затоа што Леброн Џејмс и Ентони Дејвис добија нови соиграчи.

Пристигна Кармело Ентони, а потоа и Расел Вестбрук, па сега ќе се врати и Ражон Рондо во Лејкерс. искусниот плејмејкер ја заврши сезоната во Клиперс, па беше испратен во Мемфис, но таму нема да одигра ниту минута.

Веќе договори разделба со неговиот тим, па сака да се врати во екипата со која во 2020 година го освои шампионскиот прстен.

Во 2008 година не беше во најдобри односи со Леброн, а четири години по освојување на првата титула се појави и една од најпознатите фотографии на Рондо, кој се сликаше со девојка со навредлива порака кон Џејмс.