Роналдо ќе збесне поради изјавата на Гвардиола за неговиот трансфер


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола го коментираше трансферот на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед, а пред да се врати на „Олд Трафорд“, Португалецот беше блиску до трансфер во Манчестер сити.

Интересно е тоа што голем број светски медиуми пишуваа дека Роналдо е блиску до потпис со Сити, но тоа Гвардиола го демантираше.

Тренерот на „граѓаните“ тврди дека немало шанси Роналдо да заигра во неговиот тим, а таков одговор даде и на новинарите.

Новинарите го прашаа Гвардиола дали би го купил Роналдо доколку Јунајтед не се вмешаше, по што тренерот направи долга пауза и даде краток одговор.

„Мислам дека не би го купиле“, кажа Пеп.