Реал Мадрид му се одмазди на ПСЖ и го зема француското чудо од дете


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Реал Мадрид потврди дека во нивни редови доаѓа Едуардо Камавинга, а станува збор за чудо од дете, 18-годишно момче кое играше за Рен и француската репрезентација.

„Кралевите“ платија околу 31 милион евра отштета плус бонуси, а Фабрицио Романо објави дека младиот фудбалер го избрал Реал пред Манчестер јунајтед и ПСЖ.

Камавинга е најмлад дебитант во историјата на Рен, а тоа го направи на само 16 години и еден месец и досега за францускиот тим одигра 100 меча и постигна шест голови.

Младиот фудбалер дебитираше за Франција на 8 септември минатата година во меч од Лигата на нации против Хрватска.