Камавинга даде гол против Македонија, но веќе мисли на Мадрид: Сон ми беше да играм за Реал!

Еден од најталентираните фудбалери во светот, Едуардо Камавинга вчера постигна гол против Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2023 година, по што кажа дека веќе со мислите е во Мадрид.

Камавинга е предводник на младинската репрезентација на Франција, а неодамна се пресели во Реал Мадрид за 31 милион евра од Рен.

„Не постои фудбалер кој не сака да игра за Реал Мадрид. За мене ова е остварување на сонот. Многу сум среќен. Секој сака да биде и дел од најсилниот национален тим, но мора да одите чекор по чекор. Сега ќе одам до Рен да се спакувам, а потоа заминувам за Мадрид“, вели Камавинга.