Тинејџерот кој потпиша за Реал Мадрид испрати подароци до поранешниот клуб!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Талентираниот играч за врска Едуардо Камавинга потпиша договор со Реал Мадрид. Овој 18-годишен фудбалер стави потпис на петгодишна соработка со „кралевите“, каде што доаѓа од Рен.

Камавинга ги мина младинските категории на Рен и на 16 години дебитираше за првиот тим, а екипата засекогаш ќе му остане во срцето.

По заминувањето во Реал Мадрид, Камавинга реши да ги почести вработените во поранешниот клуб, па на секој ќе му испрати дрес од Реал Мадрид.

Камавинга ќе подели вкупно 166 дресови и ова е прекрасен потег од страна на младиот фудбалер, кој не ја заборава неговата поранешна екипа.

Французинот стана најмладиот фудбалер кој заиграл за Рен во историјата на само 16 години и еден месец.