Увертира за историско финале: Ѓоковиќ урна два рекорди!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Ју-Ес опен по маратонскиот натпревар и триумф против Александер Зверев со 3-2 во сетови.

Ѓоковиќ ќе игра во финалето против Данил Медведев и ќе има шанса да го освои рекордниот 21. гренслем-трофеј во кариерата, па така ќе ги надмине Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Србинот урна два рекорди со пласманот во финале, па така стана прв тенисер кој се пласирал во девет финалиња на Ју-Ес опен и ги надмина Пит Сампрас и Иван Лендл, кои имаат по осум.

Покрај тоа, Ѓоковиќ се пласираше во своето 31. гренслем-финале и се израмни со Федерер. Легендарниот Швајцарец исто така има 31 гренслем-финале.