ФИФА попушти: Ќе им дозволи на Бразилците да играат во Премиерлига!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светската куќа на фудбалот (ФИФА) соопшти дека фудбалерите од Бразил, Чиле, Мексико и Парагвај ќе може да играат за своите тимови во Премиерлигата, иако претходната одлука беше тие да бидат суспендирани до 14 септември.

Барањето до ФИФА пристигна од бразилскиот фудбалски сојуз, но по реакцијата на Фудбалската асоцијација на Англија, Премиерлигата и претставници на сојузите на Чиле, Мексико, Парагвај и Бразил, сепак се промени одлуката и тие може да играат во Премиерлигата.

Оваа одлука беше донесена минатата ноќ, односно на 12 часа пред почетокот на првиот натпревар во Англија, па се очекува играчите да настапат за нивните тимови во денешното коло.