Хамилтон пред пет години се жалеше поради хало-системот, а сега му го спаси животот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Трката за Големата награда на Италија во Монца ја одбележа судирот меѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон во 28. круг, кога возачот на Ред Бул направи грешка и потоа заврши над Мерцедесот на противникот.

Заштитниот систем „хало“ му го спаси животот на Хамилтон, а интересно е тоа што Британецот пред пет години го критикуваше овој систем.

„Се надевам дека ние возачите ќе имаме опција да бираме дали го сакаме или не го сакаме заштитниот систем на болидот. Сигурно можам да ви кажам дека не го сакам на мојот болид. Ми се допаѓа како делува сега возилото и знам дека е премногу ризично отколку со овој систем, но јас би ризикувал“, кажа Хамилтон пред пет години, но сигурно сега жали поради таа изјава.