Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Барселона доби нова жешка шлаканица, и тоа во Лигата на шампиони од Баерн Минхен, кој славеше на „Камп ноу“ со 3-0.
Поради тешката финансиска состојба Каталонците мораа да дадат жртва, а една од нив беше Лионел Меси, кој се пресели во ПСЖ.
Овој тим нема доволно квалитет да им се спротистави на најдобрите екипи во светот и тоа го кажаа Жерар Пике и Роналдо Куман.
„Резултатот е лош. Во првото полувреме бевме конкурентни, а во продолжение влегоа 18-годишните деца. Тоа го имаме во моментов. Убеден сум дека ова ќе биде тешка сезона“, кажа Пике.
И тренерот Куман се сложи со Пике за сегашниот состав.
„Се сложувам со него. Алба е болен. Де Јонг го одигра својот прв меч. Треба да бидеме реални, овие момци покажаа дека имаат светла иднина“, вели Куман.