Управата на Барселона на состанок: Куман ќе добие отказ?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Каталонската „ТВ3“ објави дека управата на каталонскиот гигант размислува да му даде отказ на тренерот Роналд Куман.

Отказот на Куман би го чинел тимот околу 12 милиони евра, а многу членови на управата се подготвени за таква жртва.

Дел од раководството сака да почека за да види дали тимот ќе напредува според очекувањата кои се поставени пред Куман.

Сепак, други информации се дека состанокот веќе претходно бил договорен и дека нема да биде доделен отказ за тренерот.

Куман ја презема Барселона во август минатата година, а го предводеше тимот на 58 натпревари и досега запиша 36 победи, 10 ремија и 12 порази.